Чекав цели 10 месеци дали ќе ми се случи уште некое патување, како со возот, па да ве известам ама ништо

за овие месеци се случија многу работи, остарев за една година, или Obojkovski што би рекол за една година сум поблиску до смртта

значи сега имам 22год, дипломирав и сега сум дипломиран комуниколог, на дипломската се сеќавам само дека стигнав на закажаното место, а за понатаму ми раскажуваа, сум се вратила дома со машки папучи, некој ми облекол пижами, па дури бил и љубезен ми го ставил црвениот леген до кревет за повраќање, списокот, кој е многу краток со омилени подароци се зголеми за уште еден подарок, фиксна 50ка 1,8 од

( го обожавам, и обејктивот и Димитар ), имав една немила случка, си избришав 300 фотографии, ги ископирав едни врз други, и одпосле дознав дека имало некој маневр што можело да ги врати ама пред да го исклучиш компјутерот ама јас го исклучив, плачев, и кога ќе ми текна пак си плачам, ептен ми е криво, од нив сигурна 30тина беа прекрасни

доста алхохол внесов во моето тело, доста црни дупки имам, видов прекрасни делфини, едни од моите омилени животни, имав едно прекрасно изненадување од

, голема количина на солзи извезов од моето тело на забар, многу прочитани книги, прекрасни викенди се случуваа, се радував на снегот, се радував кога си ја китев елката, едно прекрасно суштество веќе година дена ги трпи моите изливи на нежност и љубов, нанање на облачиња, гушкања, сакања

, си добив паќетче со најмногу чоколади во цел свет, како што се чуствувам во моментов прекрасно, заљубено, сакано, полна со енергија, прекрасни идеи и одлични планови, сакам постојано да се чуствувам вака. Имам уште многу да пишувам ама тоа ќе оставам за нареден пат, ах ќе заборавев штотуку дознав дека ќе бидам старосватица, се радувам, некој почна да го крши мразот во друштво, а јас веќе си замислив што ќе носам

Во меѓувреме видов еден дух, ама вистински, знам дека нема да ми верувате, нели?!

И воедно оваа прилика ќе ја искористам да ви ја честитам новата година, да ви посакам да имате само прекрасни и незаборавни моменти, кои ќе бидат забележани на вашите фотографии

и уште верувам во Дедо Мраз, а ти?
